Активности
ПОДГОТВЕНОСТ ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО МИКРОФИНАНСИРАЊЕТО
Предизвици и трендови во регионот
На 12/13 Мај 2019 година, во Хотел Јуник, во Охрид, Сојузот на микрофинансиски организации и Проектот на УСАИД за иновација и инклузија во микрофинансирањето, го одржаа четвртиот микрофинансиски регионален форум ,,Подготвеност за дигитализација во микрофинансирањето – Предизвици и трендови во регионот”, како продолжение на првиот регионален форум ,,Финансиска инклузија преку микрофинансирањето” во 2016, вториот регионален форум ,,Платежни услуги- Улогата на небанкарските микрофинансиски организации” во 2017 година и третиот регионален форум ,,Човековите ресурси во микрофинансирањето – Моментални трендови и предизвици во регионот” во 2018 година.
На форумот присуствуваа 48 директори и службеници од различни сектори од 18 микрофинансиски организавии од Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Полска и Грција, беше организиран во соработка со Штедилница Можности, Штедилница ФУЛМ, Микрокредитна фондација Хоризонти и Македонската развојна фондација за претпријатија.
Форумот беше организиран во координација со водечките микрофинансиски организации во регионот: МКО Партнер, Микрокредитната организација Еки Сараево и МКО МИ -Боспо од Босна и Херцеговина, Кеп Траст Косово, Монтекредит од Црна Гора, АгроСоциал Фонд, Фонди Беса, ФЕД Инвест, НОА, Кредо од Апбанија, како и КЕПА Микростарс од Грција.
Г-дин. Жегош Галусек, извршниот директор на Микрофинансискиот Центар од Варшава ги презентираше најновите наоди од истражувањето на МФЦ: Јавајќи го технолошкиот бран во Европското микрофинансирање, по кое учесниците се вклучија во дебата преку која ги идентификуваа клучните предизвици во процесот на дигиталната трансформација презентирајќи ги своите практики и политики во тој поглед.
Во текот на втората сесија од форумот, фокусот беше поставен на Подготвеноста на клиентоте за дигитализација, со обемна презентација од изведеното регионално истражување на преку 900 микрофинансиски клиенти од регионот од страна на Директорката на Штедилницата ФУЛМ, г-ѓа Елеонора Згоњанин Петровиќ, елаборирајќи различните аспекти од однесувањето на дигиталната трансформација Презентацијата беше проследена со отворена peer to peer дискусија на специфичните наоди и нивна интерпретација во национален контекст во различни држави и на различни пазари.
На дискусијата Дигитализација на бизнис процесите во микрофинансиските организации: Како да направиме да биде прифатлива за вработените?, учесниците се вклучија во пожестока дискусија за начините да се адресираат загриженоста на вработените и нивните очекувања и да се создаде околина која ќе биде насочена кон посилен раст. Различни интересни и иновативни пристапи беа дискутирани, поддржани со размена на искуства кои беа применливи во сите земји од нашиот регион.
Дигитализацијата и микрофинансискиот бизнис на дневна база: Искуства од регионот/ Перспектива на практичарите беше следно на агендата, да се зборува за потребата да се имплементира трансформацијата на современ начин што под еднакво ќе ги земе во предвид потребите на сите засегнати страни отколку да се превземе ризик да се соочат со околина која сеуште не е подготвена за трансформација.
Во контекст на можни сценарија, ние исто така ја одрживме сесијата Што можеме да направиме за да ја избегнеме финансиската исклученост предизвикана од дигитализацијата? Зборувајќи за комплексната задача која ја имаме сите, да се осигураме дека нашите решенија не се пренапредни за да бидат употребувани од сите клиенти и генерации. Учејќи за искуствата од практичарите се иницираше широка дебара околу последиците на поширокото општество кое вклучува позитивни како и негативни опции.
На тркалезната сесија г-дин Лазаревски извлече заклучоци од дискусиите и ги презентираше на учесниците со следниве клучни наоди и препораки:
- Дигитализацијата постави нови и претходно непознати предизвици како и разви опции за микрофинансиската заедница и нема алтернатива
- Со дигиталната трансформација се поставија следните клучни прашања кои треба да се одговорат:
- Дали ја имаме потребната инфраструктура на располагање?
- Дали регулаторната рамка е подготвена и ги подржува новите решенија?
- Дали го имаме постигнато нивото на потребната општа, ИТ и финансиска писменост?
- Дали нашите клиенти може да си дозволат да станат дигитални?
- Дали структурата на нашите клиенти е адекватна за дигитализација или е подобро да се одложи тој процес?
- Кое вистинското ниво на инвестиција и како да го одржиме?
- Колку е важен безбедносниот предизвик на процесот?
- Дали дигитализацијата ќе го направи нашиот процес побавен и за колку долго?
- Кој треба да е одговорен за процесот, кој да биде инволвиран на сите нивоа и на што да се прошири?
- Дали адекватни вендори и сервиси на продукти се достапни на пазарот и што треба да направиме ние за да го развиеме нивното знаење напоредно со нашето?
- Што да направиме за да ги едуцираме нашите клиенти, вработени и регулаторите?
- Дали ни е потребна стратегија или треба да се создаде некој документ за процесот на дигитализација за да се избегнат некои од ризиците и предизвиците?
Ги дискутиравме сите овие проблеми и научивме многу едни од други, собравме знаење кое можеме да го употребиме и во своите колективи.
Се препорачува следното:
- Регулаторите и легислативата во моментот се најголемиот приоритет во сите земји во регионот. Важно е да бидат на иста страна, да го разберат значењето на микрофинансирањето и да креираат еднакви можности за здрава конкуренција на банкарските и небанкарските финансиски институции. Форумот препорачува дека наредната сесија фокусот треба да биде на регулаторите.
- Студиските посети во регионот на една небанкарска финанскиска институција до друга, како препорака издвојуваат креирање на платформа на дијалог и размена на знаење како процес на подобрување кон посакувана средина за сите засегнати страни.
- Понудата на дигитални решенија на регионалните маркети може да биде подобрена преку процес на соработка со ИТ компаниите, давајќи им можност да учат од нашите искуства и потреби и подобро да ги адресираат истите. Препораките од форумот се дека заедницата на вендори треба да се вклучи во идните форуми и состаноци.
- Собирите од овој тип, треба да бидат организирани редовно за професионалци од различни полиња на експертиза во земјите од регионот, да се воспостави платформа за соработка и комуникација во микрофинансирањето и
- Од страна на Сојузот беше презентирана регионална здружена иницијатива за воспоставување на Микрофинансиски едукативен центар, со детали и идеи кои ќе следат за кратко.
Форумот беше затворен со заклучокот дека сите овие обиди треба да продолжат без одложување и беше воспоставена мрежа како извор на знаење од релевантни партнери од регионо, која наскоро ќе резултира со поблиска форма на соработка.
Форумот воспостави цврста база за градење на регионална соработка за заедничка активност во подобрување на регулативите и зацврстување на микрофинансирањето, пристапот до финансии и финансиската инклузија.
РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ “ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО МИКРОФИНАНСИРАЊЕТО“
Во организација на Сојузот на микрофинансиски организации, а во соработка со Штедилница Можности, Штедилница ФУЛМ, Микрокредитна фондација Хоризонти и Македонска развојна фондација за претпријатија и со поддршка на Проектот за инклузија и иновации во микрофинансирањето на УСАИД, на 13 И 14 мај во Струга беше одржан третиот регионален микрофинансиски форум на тема “Човечките ресурси во микрофинансирањето-Актуелни трендови и предизвици во регионот“.
На форумот учество земаа претставници на 17 водечки микрофинансиски организации од регионот: МКО Партнер, МКО Микрофин, МКО Ми-Боспо, МКО Sunrise (Босна и и Херцеговина), МФИ Старт и ФИНКА (Косово) Агро&Социал Фонд, Унифин и Фонди Беса (Албанија), Алтермодус и Монтекредит (Црна Гора), Агроинвест (Србија), КЕПА Микростарс (Грција), како и Штедилница Можности, Штедилница ФУЛМ, Микрокредитна фондација Хоризонти и Македонска развојна фондација за претпријатија (Македонија).
На овој форум, беше изградена регионална мрежа на комуникација и соработка помеѓу колегите од доменот на човечките ресурси и беа разменети бројни позитивни и негативни искуства од кои беа извлечени заклучоци и решенија за поуспешно справување со предизвиците со кои се соочува микрофинансискиот сектор.
Дојдовме до заклучок дека сите земји во регионот се соочуваат со слични или еднакви предизвици и дека различните практики и решенија кои се применуваат треба да се споделуваат на редовна основа и на тој начин да се оптимизираат ресурсите и да се заштедат време и средства.
Притоа, акцентот беше ставен на главните предизвици:
- - Предизвиците на процесот на вработување и селекција на кадри, анализа на актуената состојба на пазарот на труд, тековните трендови на емиграција на младите, предизвиците на образовните системи и нивните влијанија врз кадровските политики и пристапи,
- - Предизвиците на задржувањето на квалитетните кадри, можни форми на мотивација, дополнителна едукација и градење на лојалноста на вработените како тим,
од што произлегоа и серија заклучоци за заеднички ангажман и здружени напори во претстојниот период, на кои ќе продолжат да работат микрофинансиските организации од регионот, како и националните здруженија и сојузи.
Со овој форум е заокружен процесот на воспоставување на регионална платформа на микрофинансиски организации под водство на Сојузот на микрофинансиски организации од Македонија, како една од целите на проектот на УСАИД за инклузија и иновации во микрофинансирањето.
Меѓународна конференција на земјоделски задруги во Струмица
Пристапот до микрофинансирање е еден од основните услови за успешно и развиено земјоделство. Во партнерство со Македонската Асоцијација на Земјоделски задруги, со големо задоволство сме дел од меѓународната конференција на земјоделските задруги во Струмица... Ги споделуваме искуствата и предизвиците во финансирањето на земјоделскиот сектор и договараме партнерска соработка со колегите од задругите од повеќе земји, Земјоделскиот факултет од Скопје и претставниците на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор.
Информативна сесија за студентите од Земјоделски факултет
На студентите-агроекономисти од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје при нивната посета им ја објаснивме нераскинливата врска помеѓу микрофинансирањето и земјоделството, важноста на прилагодување на кредитите на потребите на земјоделците, одговорното кредитирање како наша политика и продискутиравме за главните предизвици на денешното земјоделство, пристапот до финансии и нефинансиски услуги и важноста на финансиската едукација... На Можности, ФУЛМ, Хоризонти и МРФП им благодариме на предавањата, а на студентите и нивните професори им благодариме на посетата и веќе работиме на нови содржини за поширока соработка со образовните институции!
Обука за персонал на небанкарски финансиски организации
"Како да се зголеми мотивацијата и да се подобри квалитетот на комуникацијата во меѓучовечките односи"
Дефинирањето на целите, мотивацијата и правилната комуникација, прилагодена на различните типови на луѓе, се клучни за успех во приватниот живот, но и на работното место. За професионалците од Можности, ФУЛМ, Хоризонти и МРФП, во Велес одржавме дводневна обука на која научија нови методи и техники, а имаа и можност да се запознаат и да разменат искуства и мислења за прашања со кои се соочуваат во секојдневнието.
Линк: Сојуз на микрофинансиски организации
14-ТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЕМН:
ФИНАНСИСКА ЕДУКАЦИЈА ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ГРАЃАНСТВОТО
Со поддршка од УСАИД, претставници на водечките микрофинансиски организации Можности, ФУЛМ, Хоризонти и МРФП учествуваа на годишната конференција на Европската микрофинансиска мрежа во Венеција, Италија, со фокус на Финансиска едукација, како финансиската едукација може да им помогне на микрофинансиските организации да ги дизајнираат своите продукти, да обезбедат социјално влијание со приоритет на потребите на клиентите. Менторингот, локалната и регионалната регулатива, финансиските инструменти, партнерството и здружувањето како алатки за лобирање и други механизми беа дел од агендата.
СТУДИСКА ПОСЕТА НА ТИРАНА, АЛБАНИЈА
Со поддршка на проектот на УСАИД за инклузија и иновации во микрофинансирањето ја одржавме студиската посета за водечките микрофинансиски организации: Штедилница Можности, Штедилница ФУЛМ, Микрокредитна фондација Хоризонти и Македонската развојна фондација за претпријатија, со фокус на електронските и мобилните плаќања и други финансиски услуги како и градење на партнерства со сродните организации од регионот.
Во текот на посетата на релевантните институции во Тирана, се запознавме со успешните примери на платежните институции M-Pay и Easy Pay, микрокредитната фондација Fondi Besa, како и кредитната унија UNIFIN, а со тимот на Централната банка на Албанија остваривме разговори за важечката регулатива за небанкарските финансиски организации и искуствата од процесот на изготвување на законите, ефектите од нивната примена и консултациите во јавноста.
Водените разговори и стекнати сознанија од регионот играат значајна улога во подобрувањето на регулативата и окружувањето за работа на нашите членки како процес на кој континуирано работиме.
СЕ ЗАТВОРИ ЦИКЛУСОТ ОД ПЕТ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ОБУКИ ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ
Во текот на месец мај, 2017, беа организирани четвртата и петтата обука за јакнење на вештините за продажба на финансиски услуги во микрофинансиските организации .Обуките беа одржани во хотел Алпина, Маврово со вкупно 38 учесници - кредитни референти (вработени на нашите членки - Штедилница ФУЛМ и Штедилница Можности), од 9 различни градови во Македонија. Со тоа се затвори циклусот од пет специјализирани обуки за јакнење на капацитетите на над 110 вработените на членките на Сојузот на микрофинансиски организации и со цел да се јакне довербата и квалитетот на корисниците на нивните продукти.
РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ “ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ ЗА ПОДОБРА ФИНАНСИСКА ИНКЛУЗИЈА“
Во организација на Сојузот на микрофинансиски организации, а во соработка со Штедилница Можности, Штедилница ФУЛМ, Микрокредитна фондација Хоризонти и Македонска развојна фондација за претпријатија и со поддршка на Проектот за инклузија и иновации во микрофинансирањето на УСАИД, на 20 и 21 април во Охрид беше одржан регионален форум “ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ ЗА ПОДОБРА ФИНАНСИСКА ИНКЛУЗИЈА“.
На форумот учество земаа претставници на Народната банка и Министерството за финансии на Македонија, како и централните банки на Хрватска, Србија, Словенија, Албанија и Црна Гора, платниот оператор Payspot Нови Сад, Србија, микрофинансиски организации од Босна и Херцеговина, Македонија и Албанија, а беа презентирани искуствата и позитивните практики од Полска, Ирска, Литванија, Естонија, Латвија, Велика Британија, Молдавија и САД.
Заклучоците од форумот, ја вклучија и потребата од засилен ангажман на ова поле за либерализација на пазарот на платежни услуги и овозможување на побрзи, поевтини и полесни плаќања и трансфери за населението, особено во руралните предели, како и поддршка на иновативните инструменти со користење на E- и M-плаќања.
Форумот обезбеди можност за размена на знаења и идентификување на можни решенија за успешно спроведување на директивите на ЕУ и натамошно градење на систем на платежни услуги во Македонија со кој ќе се обезбеди поголема вклученост на разновидни категории од населението со што ќе се даде значаен придонес во борбата против сиромаштијата и градење на одржливоста и дологорочниот успех на микрофинансискиот сектор во задоволување на потребите на граѓаните.
Сојузот на микрофинансиски организации како носител на јавно-приватниот дијалог и во претстојниот период ќе продолжи да го подржува процесот во насока на градење на поволна регулатива, во партнерство со регулаторните институции.
Трета обука за јакнење на продажните вештини на микрофинансиските организации
На 22-23 март, во хотел Романтик, Дојран, беше организирана третата обука за јакнење на продажните вештини за вработените на микрофинансиските организации. Обуката броеше вкупно 25 учесници- кредитни референти од 7 различни градови од Македонија. Учесниците разменија свои искуства, практични примери, дискутираа за новите предизвици со кои се соочуваат во секојдневното работење. Циклусот на обуки продолжува и понатаму.
СОЈУЗОТ НА МИКРОФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ 2017
Под мотото “Учи. Штеди. Заработувај“, заедно со нашите партнери од Народната банка на РМ, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност и МАПАС ја спроведуваме Глобалната недела на парите (Global Money Week) во Македонија, истовремено со над 140 земји низ целиот свет.
Во рамки на кампањата организирамепосети на учениците од основните и средните училишта во филијалите на нашите членки: Штедилница ФУЛМ, Штедилница Можности и Хоризонти.
Оваа година, едукативниот караван започна во Штедилницата ФУЛМ со посетата на учениците од ОУ “Лазо Трпковски“ од Скопје кои ги запознавме со значењето на парите, штедењето, задолжувањето и важноста на познавањето на финансиите.
Погледнете ги фотографиите од денешното дружење, додека нашиот караван продолжува низ градовите на Македонија.
Линк Народна Банка на Република Македонија
ГИ ЈАКНЕМЕ ПРОДАЖНИТЕ ВЕШТИНИ НА МИКРОФИНАНСИСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ: Втора серија на специјализирани обуки за нашите членки – Дојран, 20-21 март
Со втората обука на семинарот “Јакнење на вештините за продажба на финансиски услуги во микрофинансиски организации“, уште една група вработени на нашите членки - водечки микрофинансиски организации, Штедилница МОЖНОСТИ, Штедилница ФУЛМ и Микрокредитна фондација ХОРИЗОНТИ се запозна со напредните техники на продажба на финансиски услуги.
На обуката разработивме нови пристапи во работата со луѓе и иновативни начини на јакнење на продажбата, со нашиот врвен предавач.
Дополнително, колегите од разните партнерски организации ја искористија можноста да разменат искуства и да дискутираат за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат во работењето за подобрување на нивните резултати.
Со оваа серија на обуки продолжуваме да работиме на јакнење на капацитетите на персоналот на небанкарските микрофинансиски организации-членки на МФО и ја јакнеме довербата и квалитетот во односите со нивните корисници.
НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ НА ВЛИЈАНИЕТО НА МИКРОФИНАНСИРАЊЕТО
Македонските микрофинансиски организации - дел од
Европскиот Микрофинансиски самит 2017
Во насока на запознавање со современите трендови и водечките експерти во нашето поле на делување, Сојузот на Микрофинансиски организации и водечките небанкарски микрофинансиски организации; Штедилница Можности, Штедилница ФУЛМ, Микрокредитната фондација Хоризонти како и Македонската развојна фондација за претпријатија, со поддршка на проектот на УСАИД за иновации и инклузија во микрофинансирањето остварија значајно учество на Европскиот микрофинансиски самит во Барселона, на тема “Нови перспективи на влијанието на микрофинансирањето“.
Конференцијата вклучи 21 говорник, професионалци од микрофинансиската бранша како и поврзаните дејности со мошне релевантни искуства и успешни практики кои ги споделија со нас.
На настанот, учесниците имаа можност да се запознаат со најновите трендови и да дискутираат за предизвиците и можностите со своите колеги од повеќе од 20 земји од целиот свет.
Списокот на земји претставени на настанот ги вклучи и Луксембург, Малта, Албанија, Грузија, Косово, Шпанија, Германија, Швајцарија, Франција, Холандија, Шкотска, Португалија, Либан, Австрија, Белгија, Чешка, Молдавија, Нигерија, Италија, Унгарија и Канада.
Конференциската програма вклучи презентации на говорниците како и вежби, со активно вклучување на учесниците од Македонија во сесиите за прашања како и две работни групи, пришто нашите претставници држеа презентации на резултатите утврдени од работните групи.
На сесијата “Фактори на успешноста на микрофинансирањето“ ги презентиравме најитните предизвици за секторот на микрофинансирање и консензуалната фокусираност на регулативата, технолошкиот напредок и нефинансиските услуги како напор за градење на одржливи пазари за долгорочни партнерства.
Во текот на конференциската програма, учествувавме и на организираните сесии за средби со учесниците од другите земји и да дискутираме теми од интерес како и да ја градиме мрежата на професионалци за идна соработка. Нашите учесници остварија и серија состаноци со претставници од Грузија, Шпанија, Франција, Холандија и други земји.
Можноста за ширење на професионалните мрежи и воспоставување на блиски контакти со практичарите, како и граѓански организации и регулатори од разни делови на светот, на нашата делегација и понуди нива перспектива за приоритетните прашања од доменот на микрофинансирањето, како регулатива, улогата на новите технологии и финансиската инклузија.
Значењето на социјалното делување во микрофинансирањето беше составен дел од сите презентации и говорници а конференцијата, во согласност со улогата која ја има за градење на одржлив бизнис модел. Добивме увид во SPI4 платформата и опциите кои ги нуди на небанкарските микрофинансиски организации во процесот на обезбедување на одржливо финансирање.
Знаењата со кои се стекнавме на оваа конференција ќе играат значајна улога во јакнење на Сојузот преку воспоставените мрежи на организациите-членки и нивната улога на пазарот.
Продолжуваме со серијата обуки за финансиско знаење
Во рамки на Проектот на УСАИД за Инклузија и иновација во микрофинансирањето, со нашиот партнер, Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), во февруари 2017 г. спроведовме дводневни обуки за финансиско знаење.
Обуката за финансиско знаење во Кавадарци се одржа на 01-02.02.2017 г., а обуката во с. Мустафино на 6-7.02.2017
Со овие обуки беа опфатени земјоделците, сегашни и потенцијални клиенти на нашите членки.
Целта на обуката беше надградување на општите знаења од областа на управување со финансиски средства, вештини за управување со сопствениот долг, запознавање со микрофинансиските услуги и продукти.
Преку практични примери земјоделците учеа за управување со организациски буџети, одредување на праг на рентабилност, одмереност при позајмувањето, разликување на типовите на заеми и нивните поврзани трошоци.
На обуките присуствуваа и претставници на нашите членки микрофинансиските организации Можности, ФУЛМ и Хоризонти кои ги презентираа придобивките од одговорното наменско позајмување и штедење.
Двете дводневни обуки беа спроведени во соработка со Здружението „Слоу Фуд“ од Битола и Земјоделската задруга „Еко-Илинден“ од с. Мустафино.
Со обуките за финансиски знаења, продолжуваме да им помагаме на претприемачите и идните клиенти да обезбедат одржлив успех за идните генерации.
Обука: “Јакнење на вештините за продажба на финансиски услуги во микрофинансиски организации„ Велес, 25-26.01.2017
Со голем интерес и активно учество во текот на целата обука, “Јакнење на вештините за продажба на финансиски услуги во микрофинансиски организации“, претставниците на нашите членки, водечки микрофинансиски организации, Штедилница МОЖНОСТИ, Штедилница ФУЛМ и Микрокредитна фондација ХОРИЗОНТИ ја искористија можноста да се запознаат со напредните техники на продажба на финансиски услуги.
Пропратени со експертска помош, детално и на интерактивен начин ги разработивме тајните на најуспешните преговарачи, процесот и активностите на градење на односи со клиенти, задржување и проширување на бројот на корисници и преку практични вежби утврдивме како стекнатите знаења најдобро се применуваат во секојдневната пракса и контактите со нивните ценети клиенти.
Во прекрасна атмосфера, учесниците го искористија семинарот и за да разменат искуства и да дискутираат за разните прашања и предизвици со кои се соочуваат во работењето, при што од голема полза беа добрите практики и решенија кои биле применети во голем број водечки финансиски институции од регионот и пошироко.
Оваа обука значително придонесува за јакнење на капацитетите на персоналот на небанкарските микрофинансиски организации-членки на МФО и ја јакне довербата и квалитетот во односите со нивните корисници.
СТУДИСКА ПОСЕТА
Со поддршка на УСАИД, во декември за нашите членки организиравме студиска посета на Белград-Србија, за да стекнеме релевантни искуства за изготвувањето и имплементацијата на Законот за платежни услуги како клучна реформа за градење на отворен пазар на платежни услуги кој ќе биде ориентиран кон клиентите, ќе ја јакне конкурентноста и ќе ги намали трошоците за трансакциите за широката популација, како и регулирањето и легислативата за микрофинансирањето и различните пристапи во насока на јакнење на микрофинансискиот сектор.
На средбата со Проектот на УСАИД за Деловно окружување (www.bep.rs), добивме сознанија за состојбите во финансискиот сектор, постојната легислатива, напори за регулирање на микрофинансирањето и јавно-приватниот дијалог.
На тркалезна маса со Народната банка на Србија (www.nbs.rs), дискутиравме за Законот за платежни услуги и напорите на НБС за регулирање на микрофинансискиот сектор.
Практичното искуство на лиценцираните носители на платежни услуги во Србија е од клучно значење за нашиот микрофинансиски сектор.
На средбата со Tenfore LTD Белград (www.tenfore.rs) и Payspot DOO Нови Сад (www.payspot.rs), дискутиравме за процесот на подготовка на легислативата за платежните услуги и начините на вклучување на бизнис-заедницата, софтверски решенија, ИТ-инфраструктура, трендови и очекувања итн.
Сознанијата со кои се стекнавме на оваа посета се од големо значење и ќе дадат силен придонес во напорите за градење на погодна клима за натамошен раст на микрофинансирањето во нашата земја, во насока на јакнење на претприемништвото, инклузијата и намалување на сиромаштијата.
ОБУКИ ЗА ФИНАНСИСКО ЗНАЕЊЕ
Заклучно со месец септември го заокруживме првиот циклус на обуките на Сојузот на Микрофинансиски организации за финансиски знаења наменети за ранливите социјални категории, студентите, фармерите и микро-претприемачите.
Сојузот на Микрофинансиски организации, во соработка со Македонската Развојна Фондација за Претпријатија како спроведувач на проектната активност, и понатаму ќе реализира серија на обуки за унапредување на финансиските знаења на пошироки групи на популацијата. Треба да се реализираат серија од 30 дводневни обуки во повеќе градови низ Македонија, која ќе опфати над 600 лица од повеќе категории, меѓу кои и ранливите социјални групи, земјоделци, микро- и мали претприемачи, нови бизниси, студенти итн. На обуките, учесниците добиваат информации за финансиското планирање, извештаи, видовите на кредити, камати, и други важни податоци од страна на потврдени експерти. Со оваа активност градиме едуцирани идни претприемачи и ја јакнеме улогата на микрофинансиските организации: Штедилница Можности, Штедилница ФУЛМ и Микрокредитна фондација Хоризонти.
Активноста е поддржана од Проектот на УСАИД за инклузија и иновации во микрофинансирањето.
Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија коешто го сочинуваат Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, МАПАС и Комисијата за хартии од вредност, во соработка со Бирото за развој на образованието и Сојузот на микрофинансиски организации денес, на 27 март 2017 година, го одбележува почетокот на Глобалната недела на парите (27 март ‒ 2 април). На овој, прв ден од Глобалната недела на парите ќе организираат посети од страна на четири основни и средни училишта од Скопје во просториите на сите пет регулатори (Народната банка, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, МАПАС и Комисијата за хартии од вредност), како и на Македонската берза, Музејот на пари при Народната банка, еден пензиски фонд, инвестициски фонд, комерцијална банка, штедилница и осигурителна компанија.
За првпат во Македонија се организираат ваков вид активности од поголем обем, а целта на активностите е да се подигне нивото на финансиска писменост кај младото население на Република Македонија. За време на посетите се изведуваат едукативни предавања на теми од областите на институциите што ги покриваат, односно од областите на парите, штедењето, тргувањето, банкарскиот сектор, инвестирањето, осигурувањето, пензискиот сектор и други теми поврзани со функционирањето на финансиските системи.
Во Македонија е планирано Глобалната недела на парите да биде одбележана во повеќе денови, односно на 29 март со посета на училишта во Велес и Неготино, на 5 април со посета на Тетово и Гостивар и на 7 април со посета на Охрид и Струга, додека на 19 април за официјалното затворање на настаните се најавува голем настан во Градскиот парк на кој ќе бидат присутни институциите коишто ги предводат овие активности и финансиските институции од целиот финансиски сектор.
Глобалната недела на парите, во организација на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади (Child and Youth Finance International), се одржува на светско ниво уште од 2012 година, во чиишто рамки се одржуваат преку 4000 активности во кои се вклучени над 6 милиони деца и млади во повеќе од 130 земји и повеќе од 1000 организации и институции. Оваа глобална иницијатива ја подигнува свеста кај младите преку учење за тоа како функционираат парите, вклучувајќи го штедењето, вработувањето и претприемаштвото. Секоја година, младите луѓе разговараат, читаат и учат за економските и за финансиските системи преку најразлични активности што ги спроведуваат државните институции. Целта на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади е да ги поттикне младите да инвестираат во својата иднина, истакнувајќи ја важноста на раната финансиска едукација, со што ќе им помогне да станат свесни за своите финансиски права, ќе им ја олесни пристапноста до финансиските услуги и ќе ги развие нивните финансиски вештини. Темата за оваа година на Глобалната недела на парите е „Учи! Штеди! Заработи!“, со намера младите луѓе да научат да штедат за својата иднина.
Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади го одбележува официјалниот почеток на Глобалната недела на парите заедно со Централната банка на Германија (Дојче бундесбанк), преку посета на ученици од основното образование во Германија и посета на Централната банка на Германија и Музејот на пари. Меѓу другото, на 30 март ќе се обрати и Нејзиното Височество Кралицата Максима на Холандија по повод Глобалната недела на парите во Центарот за посетители на Централната банка на Холандија и притоа ќе го промовира документот „Безбедни платежни производи за младите ‒ водич за младите кон финансиска самостојност“ (Safer Payment Products for Minors - guiding minors towards financial autonomy).
Посетите се изведуваат со препознатливи, обележани едукативни автобуси.