All for Joomla All for Webmasters

Новости

Занаетчиски базар по повод Меѓународниот ден на жената во Скопје, од 5-8 март, 2019 година

Како поддршка за женското претприемништво, Сојузот на микрофинансиски организации одлучи во партнерство со Комората на занаетчии која има повеќе од 10.000 членови, да го поддржи овогодинешниот базар каде жените претприемачи ги презентираа своите производи на маркетот и учеа повеќе за финансиите и пристапот до заеми за поддршка на нивните бизнис идеи за да се осигурат дека тие и нивните семејства растат стабилно и постојано, заедно со општеството во целина.

Photo 8 mart bazar

Имаше можност занаетчиите да поминат време со микрофинансиските организации и да научат од прва рака за можностите за пристап до финансии за нивен иден развој и проширување на нивниот бизнис. Заедничкото залагање исто така претставува дел од принципите на одговорно позајмување како заложба на Сојузот и неговите членки-финансиските институции.

Главната причина позади оваа активност лежи во фактот дека микрофинансиите дирекно го поддржуваат женското претприемништво како еден од клучните предуслови за успешен и одржлив развој на секое општество како и заедницата во целост. Активното учество на жените на пазарот на трудот овозможува финансиска независност на жената и можности да ја зајакнат нивната улога и придонес за заеднички раст, но исто така и да се ослободат од семејното насилство и злоупотреба на нивните деца.

На овој настан, претставниците на микрофинансиските организации се вклучија во активен дијалог со жените претприемачи за да ги разберат нивните потреби и предизвици подобро и да ги прилагодат своите услуги за подобро да им служат на нивните бизнис приоритети.

Публикација на НБРМ

Во партнерство со НБРМ и членките на националното координативно тело за финансиска едукација и инклузија, ни беше чест да бидеме дел од тимот кој ја изработи оваа мошне корисна и значајна публикација: ПАМЕТНО УПРАВУВАЊЕ СО ПАРИТЕ - Водич за личните финансии, наменета за сите целни групи и возрасти... Ве покануваме да ја прочитате и на интересен начин да дознаете повеќе за управувањето со парите и микрофинансирањето, на линкот: http://www.nbrm.mk/…/FINAL_Kniga__Pametno%20upravuvanje%20s…

                                                               нбрм

 

11-та Конференција на НБРМ за плаќања и пазарна инфраструктура


На покана на НБРМ, заедно со нашите членки Можности, ФУЛМ, Хоризонти и МРФП учествувавме на 11-та конференција за плаќања и пазарна инфраструктура...

    1 2

Дигитализацијата е тренд и во микрофинансирањето, за да ги доближиме финансиските услуги до нашите клиенти, на начин кој е безбеден и лесно пристапен... За овие теми разговаравме на вториот ден на конференцијата на НБРМ.

     3

 

Воведувањето на платежни услуги во небанкарските финансиски организации им овозможува на сите граѓани поевтино, побезбедно, полесно и побрзо плаќање, во време од денот кое им одговара, без чекање во редици... 

     4

Искуствата од Србија и Бугарија потврдуваат дека е неопходно брзо вклучување на Македонија во овој процес кој ги вклучува и нашите напори... 

     5

Трет ден на конференцијата на НБРМ за платни системи...

     6

Повик за изразување интерес за идентификација и мотивација на лица учесници на обуки за финансиско знаење

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) го спроведува проектот „Инклузија и иновација во микрофинансирањето“ финансиран од УСАИД. Проектот се спроведува заедно со Сојузот на микрофинансиски организации како главен имплементатор и Штедилница Можности, Микрокредитната фондација Хоризонти и Штедилница ФУЛМ како под-имплементатори.

МРФП, во рамки на проектот, спроведува обуки за финансиско знаење по програми прилагодени за следните целни групи:

  1. земјоделци;
  2. претпримачи на микро претпријатија;
  3. студенти;
  4. лица кои што планираат да започнат бизнис.

Со цел да обезбедиме поголем пристап на целната група до овие обуки, МРФП ги поканува сите правни лица дефинирани во т.2 од овој Повик да изразат интерес за идентификација и мотивација на лица кои би учествувале на обуки за финансиско знаење. 

МРФП планира да спроведе 23 дводневни обуки за финансиско знаење низ целата територија на Република Македонија во период до 31.12.2017 г. 

Обуките ќе се организираат за оделни целни групи од по минимум 20 учесници, во два последователни дена, во времетраење од приближно 6 часа дневно.

Локацијата на обуките ќе биде одредена во најблиското место до местото на живеење на учесниците. 

Трошоците за спроведување на обуките (ангажирање на обучувач, локација и храна за учесниците) се покриени од МРФП.

1. Предмет на повикот:

Предмет на овој повик е изразување на интерес за идентификација и мотивација на лица од дефинираните целни групи за учество на дво-дневни обуки за финансиско знаење.

2. Право на учество:

Право на учество имаат правни лица без разлика на правна форма (организација, претпријатие или образовна институција) со мисија за развој на претприемништво и/или образование за претприемништво и/или посредување при вработување, како и организации на земјоделци или претприемачи засновани на членство или нивни сојузи и стопански комори кои се во директна комуникација со некоја од целните групи наведени претходно.

Правните лица, треба да се активни во последните 2 (две) години во областите дефинирани во став 1 на оваа точка и да имаат минимум 50 члена или лица од целните групи со кои се во директна комуникација.

Поради ограничениот број на обуки, МРФП го задржува правото да склучи договор со она правно лице кое ги исполнува условите согласно став 1 и 2 од оваа точка, по принципот „прв дојден – прв услужен“ притоа водејќи сметка за балансиран опфат на целната група и балансиран регионален опфат.

3. Начин на изразување интерес:

Заинтересираните страни, правните лица од став 1 од точка 2, треба да достават пополнет образец за изразување интерес.

Образецот се доставува во електронска форма (скениран) на следната е-маил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., или во просториите на МРФП на адреса: Никола Парапунов, 41а, 1060 Скопје (со назнака за повик: 2-ИМА-2017).

Бројот на обуките за кои заинтересираните страни ќе изразет интерес не е ограничен.

МРФП го задржува правото да го дефинира максималниот број на обуки по одделно правно лице, согласно став 3 од точка 2.

4. Рок за изразување на интерес 

Повикот е отворен до 31.11.2017 година односно до реализација на планираните 23 обуки.

МРФП го задржува правото да го зголеми бројот на обуките, зависно од интересот за обуки и од можностите за финансирање.

5. Надомест на трошоци

За правните лица, со кои МРФП ќе склучи договор за соработка, предвиден е надомест од 7.500 МКД (седум илјади и петстотини денари) по обука. Надоместокот е наменет за покривање на трошоци за идентификација и мотивација на минимум 20 лица од дефинираните целни групи за учество на дво-дневни обуки за финансиско знаење. 

Бројот на учесници за време на обуката не треба да биде помал од 15.

6. Начин на исплата

Исплатата на средствата од т. 5 ќе биде извршена по реализирана обука врз основа на листа за присуство на минимум 20 лица од целната група. 

Правното лице со кое МРФП ќе склучи договор за соработка, доколку е ДДВ обврзник, треба да изготви фактура која е подготвена согласно законските прописи за подготовка на фактури за проекти финансирани од странски донатор кои се ослободени од ДДВ.

7. Датум и место на одржување на обуки

Обуките треба да се организираат во периодот од 01.02-31.12.2017 г. 

Индикативен период на спроведување на обуките е следниот:

  • обуки за земјоделци, февруари – април 2017 г.,
  • обуки за претприемачи на микропретпријатија, мај – јуни 2017 г.,
  • обуки за студенти, октомври 2017 г.,
  • обуки за лица кои планираат да започнат бизнис, април – мај 2017 г.

Точниот датум и место на одржување на обуките ќе биде дополнително договорен.

 slika15

slika26

slika24

 

 

 

Повик за достава на понуди бр. 1/2017

за избор на добавувач за консултантска услуга за

испорака на обука за јакнење на продажни вештини

Сојузот на микрофинансиски организации (МФО) ги поканува сите заинтересирани субјекти – правни лица да учествуваат во постапка за набавка на: консултантска услуга за испорака на обука за јакнење на продажни вештини за финансиски услуги.

Обуката е наменета за членови на персоналот на микрофинансиските организации-членки на МФО.

Обуката се спроведува во рамки на проектот на УСАИД за „Инклузија и иновација во микрофинансирањето“.

Рок за пројавување на интерес е до 13.01.2017 година, по електронска пошта на адреса:

This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Рокот за доставување на понудите е 16.01.2017 г. до 12.00 часот.

Изборот на најповолен понудувач ќе се прави според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.

Лице за контакт: Наташа Јорданова 078/274 283

 

 МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ВО ОБЛАСТА НА ФИНАНСИСКА ЕДУКАЦИЈА И ВКЛУЧЕНОСТ 

 

Денес, во просториите на Народната банка на Република Македонија, во присуство на гувернерот на НБРМ, г. Димитар Богов и извршниот директор на Сојузот на микрофинансиски организации, г. Горан Лазаревски, беше потпишан Меморандум за соработка во областа на финансиската едукација и вклученост.

1

Потребата од подобрен пристап до финансиите во рамки на процесот на јакнење на претприемаштвото и иновативноста за градење одржлив, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем, се остварува преку јакнење на финансиските знаења кај корисниците и нивно вклучување во современите текови на финансискиот систем.

Со овој меморандум се воспоставува соработка помеѓу Народната банка и Сојузот, во областа на финансиската едукација и вклученост.

5

Соработката ќе се остварува во полето на изготвување политики, истражувања и анализи, заеднички активности за подигање на јавната свест и промоција на финансиската едукација и вклученост, организирање едукативни активности и размена на релевантна експертиза.

4

Меморандумот за соработка е потпишан во рамки на активностите за одбележување на 20. Октомври, Европскиот ден на микрофинансирањето и Меѓународниот ден на кредитните унии.

(превземено од страната на НБРМ)

 

Регионален форум:
СО МИКРОФИНАНСИРАЊЕ ДО ФИНАНСИСКА ИНКЛУЗИЈА

Вo четврток, на 22 септември во хотелот Мериот, Скопје, Сојузот на микрофинансиски организации и Проектот на УСАИД за иновација и инклузија во микрофинансирањето го одржавме првиот регионален форум на тема “Со Микрофинансирање до финансиска инклузија“.
Форумот, на кој учество земаа над 90 претставници од јавниот, деловниот и граѓанскиот сектор беше организиран во соработка со Штедилница Можности, Штедилница ФУЛМ, Микрокредитна фондација Хоризонти и Македонската развојна фондација за претпријатија.

14448811 287783001606090 6013232120034324337 n

 

Извршниот директор на Сојузот, г. Лазаревски ја истакна важноста на микрофинансирањето како дел од македонската економија, со фокус на финансиската инклузија на ранливите категории и намалување на сиромаштијата.
Министерот за финансии, г. Миноски зборуваше за ограничениот пристап до финансии за македонските компании и мерките кои се преземени за подобрување на пристапот до средства и промовирање на претприемништвото, потврдувајќи го микрофинансирањето како еден од приоритетите на Владата и посветеноста кон партнерски однос со Сојузот на микрофинансиски организации.
Гувернерот на Народната банка на Македонија, г. Богов ја реафирмираше посветеноста на Народната банка за соработка со Сојузот во насока на подобрување на финансиската инклузија, со организирање на заеднички активности во доменот на финансиските знаења како и засилена употреба на новите технологии кои овозможуваат пристап до финансии за широката популација.
Г. Џејмс Стајн, директор на мисијата на УСАИД потенцираше дека напорите на УСАИД “се фокусираат на домаќинствата со ниски приходи, но и на микро- и малите претпријатија кои се доминантен дел од националната економија и со овие форми на поддршка, тие ќе имаат можност да ги реализираат своите идеи.

14502880 287785304939193 5335976979710515566 n
Во сесијата „Финансиската инклузија и микрофинансирањето“, вклучени беа г-а Павлак од Микрофинансиски Центар од Полска, г. Рамирез од Европската Микрофинансиска мрежа од Брисел и г. Лазаревски од Сојузот на микрофинансиски организации. Под модераторство на г-а Елеонора Згоњанин Петровиќ од Штедилница ФУЛМ, без презентирани нови статистики и беше нагласена клучната улога на новите технологии во подобрување на финансиската инклузија.

14489578 10210156202082335 1531696002 o

Сесијата “Микрофинанисрањето во регионот“, г-а Згоњанин Петровиќ им посака добредојде на г-а Сандра Томиќ од Србија, г-а Адиса Мујкиќ од Босна и Херцеговина г. Флорин Симон од Романија и г-а Снежана Андова од Македонија, кои споделија регионални искуства од минатите децении во развивање на микрофинансискиот пазар и разбирање на изминатиот пат но и амбициите, пришто регулативата се издвои како клучен заеднички именител за напредок.

14462925 287786934939030 3289234562797842576 n


Работилницата која следеше, вклучи широк обем на релевантни информации за нашите учесници: г. Рамирез го презентираше “EaSi Техничка поддрша на Европскиот микрокредитен сектор“ а г-а Павлак зборуваше за “Европскиот кодекс на етичко однесување за микрофинансиските институции“. Во својата презентација “Микрофинансискиот сектор во Европа“, г. Бенаљио не доближи до актуелните регулаторни трендови во ЕУ и микрофинансирањето во целина, додека г. Укеду го презентираше Европскиот инвестициски фонд и можностите кои тој ги нуди за организациите од нашиот регион. Г-а Џулија Бојоли од Пермикро презентираше иновативни практики како пример за организаиите од Балканот.

14449929 287784368272620 5078231487861642476 n
Во петок, Сојузот на микрофинансиски организации и Проектот на УСАИД за иновација и инклузија во микрофинансирањето организираа посета на филијалите на Хоризонти во Шуто Оризари, Можности во Велес и ФУЛМ во Кавадарци, овозможувајки им на учесниците да се запознаат со работењето на овие водечки небанкарски организации и да споделат искуства за превенирање на ризиците и подобрување на постојните модели.

DSC00613DSC00639DSC00652

Форумот изгради солидна база за градење на регионална платформа за заедничка акција за подобрување на регулативата и јакнење на финансиските знаења, истовремено обезбедувајќи ја континуираната посветеност на јавниот сектор во Македонија.

 

 

 

 Во четврток на 22 септември во хотел Мериот, Сојузот на микрофинансиски организации го организира регионалниот форум - ,,Финансиска инклузија преку микрофинансирањето", во соработка со: Штедилница Можности, Штедилница ФУЛМ, Микрокредитна фондација Хоризонти и Македонска развојна фондација за претпријатија, а со поддршка од Проектот на УСАИД за иновација и инклузија во микрофинансирањето. Настанот ќе започне во 10.00 часот.

На форумот во текот на свеченото отварање свое излагање ќе имаат гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, министерот за финансии, Кирил Миновски, директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн и извршниот директор на МФО, Горан Лазаревски. 

Во продолжение ќе следат две панел дискусии по кои ќе се одржи работилница на Европската микрофинансиска мрежа организирана во рамките на EaSI Technical Assistance program (https://www.fi-compass.eu/theme/EaSI)

easi ta logo new

Ќе има можност да се дискутира на повеќе теми како клучната улога на микрофинансирањето во финансиската инклузија, иновативни пристапи за обезбедување на подобар пристап до финансии, актуелната состојба и предизвици за микрофинансирањето во регионот, регулаторното окружување за микрофинансирањето, пристап до фондови на ЕУ за микрофинансиски организации и друго.

На форумот ќе учествуваат мрежи на микрофинансиски организации, небанкарски микрофинансиски организации, регулаторни институции, релевантни експерти од земјата и регионот и претставници од донаторските организации.

Учеството е бесплатно. Ако сте заинтересирани да бидете дел од градењето на нова регионална микрофинансиска платформа, ве молиме пријавете се уште денес на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

ПОДОБРУВАЊЕ НА ВЕШТИНИТЕ И КАПАЦИТЕТОТ НА МФО

Тимот на Сојузот на микрофинансиски организации на покана од ФОУРМ-ЦСИД, учествуваше во програма за ,,Раководење со проектен циклус – РПЦ“, во организација на ДЕТРА Центар во рамки на програмата на УСАИД за подобрување на работењето на организациите.

                                                                                    

 13403347 1314277608601376 6012118803476723337 o13422310 1314278168601320 8304049140841614421 o13458709 1314277708601366 1388867030237462587 o

Обучувачката програма се состоеше од два модули на дводневни работилници во Скопје. Првиот модул се одржа на 9 и на 10 јуни, додека вториот модул продолжи на 29 и на 30 јуни. Со вкупно 15 учесници од различни организации се работеше на стекнување вештини за јакнење на капацитетот за проектен менаџмент и подготовка на предлог-проект. Програмата овозможи да се стекне знаење за концептот на раководењето со проектен циклус, анализа на проблемите и развој на целите, пристапот на логичка рамка при развивање на проектот, анализа на надворешни фактори, анализа на индикатори, буџетирање, пополнување концепт и подготовка на целосна апликација. Работилниците беа приспособени на форматот за аплицирање за проекти на повици од ЕУ.

Во наредниот период продолжуваме со работа и со менторска поддршка за целосно да се завршат апликациите употребувајќи ги вештините стекнати од работилниците.

We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…