Активности1
ОБУКИ ЗА ФИНАНСИСКО ЗНАЕЊЕ
Заклучно со месец септември го заокруживме првиот циклус на обуките на Сојузот на Микрофинансиски организации за финансиски знаења наменети за ранливите социјални категории, студентите, фармерите и микро-претприемачите.
Сојузот на Микрофинансиски организации, во соработка со Македонската Развојна Фондација за Претпријатија како спроведувач на проектната активност, и понатаму ќе реализира серија на обуки за унапредување на финансиските знаења на пошироки групи на популацијата. Треба да се реализираат серија од 30 дводневни обуки во повеќе градови низ Македонија, која ќе опфати над 600 лица од повеќе категории, меѓу кои и ранливите социјални групи, земјоделци, микро- и мали претприемачи, нови бизниси, студенти итн. На обуките, учесниците добиваат информации за финансиското планирање, извештаи, видовите на кредити, камати, и други важни податоци од страна на потврдени експерти. Со оваа активност градиме едуцирани идни претприемачи и ја јакнеме улогата на микрофинансиските организации: Штедилница Можности, Штедилница ФУЛМ и Микрокредитна фондација Хоризонти.
Активноста е поддржана од Проектот на УСАИД за инклузија и иновации во микрофинансирањето.