All for Joomla All for Webmasters
 

.................
top-MK
 

Сојуз на Микрофинансиски Организации

Почетна

Дијалог

Како носители на јавно - приватниот дијалог во сферата на микрофинансирањето и небанкарските финансиски институции, работиме континуирано на анализирање на финансискиот систем во соработка со регулаторните институции, предводени од Народната Банка на РМ и Министерството за финансии и идентификување на предизвиците со кои се соочуваат нашите членки и нивните клиенти. Дијалогот се фокусира и на градење на поволно регулаторно окружување за воведување на нови и современи технологии и иновации во дејноста, како клучен фактор за одржлив развој на микрофинансирањетоќ

Во непрекината комуникација и низ партнерски однос со регулаторите и останатите засегнати страни, работиме на подобрување на политиките и регулаторната рамка, со примена на разновидни алатки и инструменти, во облик на анализи, студии, специјализирани обуки и други поврзани активности кои ги промовираат принципите на конкурентност, иновација и финансиска инклузија.

Новости

Занаетчиски базар по повод Меѓународниот ден на жената во Скопје, од 5-8 март, 2019 година

Како поддршка за женското претприемништво, Сојузот на микрофинансиски организации одлучи во партнерство со Комората на занаетчии која има повеќе од 10.000 членови, да го поддржи овогодинешниот базар каде жените претприемачи ги презентираа своите производи на маркетот и учеа повеќе за финансиите и пристапот до заеми за поддршка на нивните бизнис идеи за да се осигурат дека тие и нивните семејства растат стабилно и постојано, заедно со општеството во целина.

Photo 8 mart bazar

Имаше можност занаетчиите да поминат време со микрофинансиските организации и да научат од прва рака за можностите за пристап до финансии за нивен иден развој и проширување на нивниот бизнис. Заедничкото залагање исто така претставува дел од принципите на одговорно позајмување како заложба на Сојузот и неговите членки-финансиските институции.

Главната причина позади оваа активност лежи во фактот дека микрофинансиите дирекно го поддржуваат женското претприемништво како еден од клучните предуслови за успешен и одржлив развој на секое општество како и заедницата во целост. Активното учество на жените на пазарот на трудот овозможува финансиска независност на жената и можности да ја зајакнат нивната улога и придонес за заеднички раст, но исто така и да се ослободат од семејното насилство и злоупотреба на нивните деца.

На овој настан, претставниците на микрофинансиските организации се вклучија во активен дијалог со жените претприемачи за да ги разберат нивните потреби и предизвици подобро и да ги прилагодат своите услуги за подобро да им служат на нивните бизнис приоритети.

Публикација на НБРМ

Во партнерство со НБРМ и членките на националното координативно тело за финансиска едукација и инклузија, ни беше чест да бидеме дел од тимот кој ја изработи оваа мошне корисна и значајна публикација: ПАМЕТНО УПРАВУВАЊЕ СО ПАРИТЕ - Водич за личните финансии, наменета за сите целни групи и возрасти... Ве покануваме да ја прочитате и на интересен начин да дознаете повеќе за управувањето со парите и микрофинансирањето, на линкот: http://www.nbrm.mk/…/FINAL_Kniga__Pametno%20upravuvanje%20s…

                                                               нбрм

 

11-та Конференција на НБРМ за плаќања и пазарна инфраструктура


На покана на НБРМ, заедно со нашите членки Можности, ФУЛМ, Хоризонти и МРФП учествувавме на 11-та конференција за плаќања и пазарна инфраструктура...

    1 2

Дигитализацијата е тренд и во микрофинансирањето, за да ги доближиме финансиските услуги до нашите клиенти, на начин кој е безбеден и лесно пристапен... За овие теми разговаравме на вториот ден на конференцијата на НБРМ.

     3

 

Воведувањето на платежни услуги во небанкарските финансиски организации им овозможува на сите граѓани поевтино, побезбедно, полесно и побрзо плаќање, во време од денот кое им одговара, без чекање во редици... 

     4

Искуствата од Србија и Бугарија потврдуваат дека е неопходно брзо вклучување на Македонија во овој процес кој ги вклучува и нашите напори... 

     5

Трет ден на конференцијата на НБРМ за платни системи...

     6

Повик за изразување интерес за идентификација и мотивација на лица учесници на обуки за финансиско знаење

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) го спроведува проектот „Инклузија и иновација во микрофинансирањето“ финансиран од УСАИД. Проектот се спроведува заедно со Сојузот на микрофинансиски организации како главен имплементатор и Штедилница Можности, Микрокредитната фондација Хоризонти и Штедилница ФУЛМ како под-имплементатори.

МРФП, во рамки на проектот, спроведува обуки за финансиско знаење по програми прилагодени за следните целни групи:

  1. земјоделци;
  2. претпримачи на микро претпријатија;
  3. студенти;
  4. лица кои што планираат да започнат бизнис.

Со цел да обезбедиме поголем пристап на целната група до овие обуки, МРФП ги поканува сите правни лица дефинирани во т.2 од овој Повик да изразат интерес за идентификација и мотивација на лица кои би учествувале на обуки за финансиско знаење. 

МРФП планира да спроведе 23 дводневни обуки за финансиско знаење низ целата територија на Република Македонија во период до 31.12.2017 г. 

Обуките ќе се организираат за оделни целни групи од по минимум 20 учесници, во два последователни дена, во времетраење од приближно 6 часа дневно.

Локацијата на обуките ќе биде одредена во најблиското место до местото на живеење на учесниците. 

Трошоците за спроведување на обуките (ангажирање на обучувач, локација и храна за учесниците) се покриени од МРФП.

1. Предмет на повикот:

Предмет на овој повик е изразување на интерес за идентификација и мотивација на лица од дефинираните целни групи за учество на дво-дневни обуки за финансиско знаење.

2. Право на учество:

Право на учество имаат правни лица без разлика на правна форма (организација, претпријатие или образовна институција) со мисија за развој на претприемништво и/или образование за претприемништво и/или посредување при вработување, како и организации на земјоделци или претприемачи засновани на членство или нивни сојузи и стопански комори кои се во директна комуникација со некоја од целните групи наведени претходно.

Правните лица, треба да се активни во последните 2 (две) години во областите дефинирани во став 1 на оваа точка и да имаат минимум 50 члена или лица од целните групи со кои се во директна комуникација.

Поради ограничениот број на обуки, МРФП го задржува правото да склучи договор со она правно лице кое ги исполнува условите согласно став 1 и 2 од оваа точка, по принципот „прв дојден – прв услужен“ притоа водејќи сметка за балансиран опфат на целната група и балансиран регионален опфат.

3. Начин на изразување интерес:

Заинтересираните страни, правните лица од став 1 од точка 2, треба да достават пополнет образец за изразување интерес.

Образецот се доставува во електронска форма (скениран) на следната е-маил адреса: This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it., или во просториите на МРФП на адреса: Никола Парапунов, 41а, 1060 Скопје (со назнака за повик: 2-ИМА-2017).

Бројот на обуките за кои заинтересираните страни ќе изразет интерес не е ограничен.

МРФП го задржува правото да го дефинира максималниот број на обуки по одделно правно лице, согласно став 3 од точка 2.

4. Рок за изразување на интерес 

Повикот е отворен до 31.11.2017 година односно до реализација на планираните 23 обуки.

МРФП го задржува правото да го зголеми бројот на обуките, зависно од интересот за обуки и од можностите за финансирање.

5. Надомест на трошоци

За правните лица, со кои МРФП ќе склучи договор за соработка, предвиден е надомест од 7.500 МКД (седум илјади и петстотини денари) по обука. Надоместокот е наменет за покривање на трошоци за идентификација и мотивација на минимум 20 лица од дефинираните целни групи за учество на дво-дневни обуки за финансиско знаење. 

Бројот на учесници за време на обуката не треба да биде помал од 15.

6. Начин на исплата

Исплатата на средствата од т. 5 ќе биде извршена по реализирана обука врз основа на листа за присуство на минимум 20 лица од целната група. 

Правното лице со кое МРФП ќе склучи договор за соработка, доколку е ДДВ обврзник, треба да изготви фактура која е подготвена согласно законските прописи за подготовка на фактури за проекти финансирани од странски донатор кои се ослободени од ДДВ.

7. Датум и место на одржување на обуки

Обуките треба да се организираат во периодот од 01.02-31.12.2017 г. 

Индикативен период на спроведување на обуките е следниот:

  • обуки за земјоделци, февруари – април 2017 г.,
  • обуки за претприемачи на микропретпријатија, мај – јуни 2017 г.,
  • обуки за студенти, октомври 2017 г.,
  • обуки за лица кои планираат да започнат бизнис, април – мај 2017 г.

Точниот датум и место на одржување на обуките ќе биде дополнително договорен.

 slika15

slika26

slika24

 

 

 

Повик за достава на понуди бр. 1/2017

за избор на добавувач за консултантска услуга за

испорака на обука за јакнење на продажни вештини

Сојузот на микрофинансиски организации (МФО) ги поканува сите заинтересирани субјекти – правни лица да учествуваат во постапка за набавка на: консултантска услуга за испорака на обука за јакнење на продажни вештини за финансиски услуги.

Обуката е наменета за членови на персоналот на микрофинансиските организации-членки на МФО.

Обуката се спроведува во рамки на проектот на УСАИД за „Инклузија и иновација во микрофинансирањето“.

Рок за пројавување на интерес е до 13.01.2017 година, по електронска пошта на адреса:

This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it.

Рокот за доставување на понудите е 16.01.2017 г. до 12.00 часот.

Изборот на најповолен понудувач ќе се прави според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена“.

Лице за контакт: Наташа Јорданова 078/274 283

 

 МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ВО ОБЛАСТА НА ФИНАНСИСКА ЕДУКАЦИЈА И ВКЛУЧЕНОСТ 

 

Денес, во просториите на Народната банка на Република Македонија, во присуство на гувернерот на НБРМ, г. Димитар Богов и извршниот директор на Сојузот на микрофинансиски организации, г. Горан Лазаревски, беше потпишан Меморандум за соработка во областа на финансиската едукација и вклученост.

1

Потребата од подобрен пристап до финансиите во рамки на процесот на јакнење на претприемаштвото и иновативноста за градење одржлив, конкурентен и пазарно ориентиран финансиски систем, се остварува преку јакнење на финансиските знаења кај корисниците и нивно вклучување во современите текови на финансискиот систем.

Со овој меморандум се воспоставува соработка помеѓу Народната банка и Сојузот, во областа на финансиската едукација и вклученост.

5

Соработката ќе се остварува во полето на изготвување политики, истражувања и анализи, заеднички активности за подигање на јавната свест и промоција на финансиската едукација и вклученост, организирање едукативни активности и размена на релевантна експертиза.

4

Меморандумот за соработка е потпишан во рамки на активностите за одбележување на 20. Октомври, Европскиот ден на микрофинансирањето и Меѓународниот ден на кредитните унии.

(превземено од страната на НБРМ)

 

Регионален форум:
СО МИКРОФИНАНСИРАЊЕ ДО ФИНАНСИСКА ИНКЛУЗИЈА

Вo четврток, на 22 септември во хотелот Мериот, Скопје, Сојузот на микрофинансиски организации и Проектот на УСАИД за иновација и инклузија во микрофинансирањето го одржавме првиот регионален форум на тема “Со Микрофинансирање до финансиска инклузија“.
Форумот, на кој учество земаа над 90 претставници од јавниот, деловниот и граѓанскиот сектор беше организиран во соработка со Штедилница Можности, Штедилница ФУЛМ, Микрокредитна фондација Хоризонти и Македонската развојна фондација за претпријатија.

14448811 287783001606090 6013232120034324337 n

 

Извршниот директор на Сојузот, г. Лазаревски ја истакна важноста на микрофинансирањето како дел од македонската економија, со фокус на финансиската инклузија на ранливите категории и намалување на сиромаштијата.
Министерот за финансии, г. Миноски зборуваше за ограничениот пристап до финансии за македонските компании и мерките кои се преземени за подобрување на пристапот до средства и промовирање на претприемништвото, потврдувајќи го микрофинансирањето како еден од приоритетите на Владата и посветеноста кон партнерски однос со Сојузот на микрофинансиски организации.
Гувернерот на Народната банка на Македонија, г. Богов ја реафирмираше посветеноста на Народната банка за соработка со Сојузот во насока на подобрување на финансиската инклузија, со организирање на заеднички активности во доменот на финансиските знаења како и засилена употреба на новите технологии кои овозможуваат пристап до финансии за широката популација.
Г. Џејмс Стајн, директор на мисијата на УСАИД потенцираше дека напорите на УСАИД “се фокусираат на домаќинствата со ниски приходи, но и на микро- и малите претпријатија кои се доминантен дел од националната економија и со овие форми на поддршка, тие ќе имаат можност да ги реализираат своите идеи.

14502880 287785304939193 5335976979710515566 n
Во сесијата „Финансиската инклузија и микрофинансирањето“, вклучени беа г-а Павлак од Микрофинансиски Центар од Полска, г. Рамирез од Европската Микрофинансиска мрежа од Брисел и г. Лазаревски од Сојузот на микрофинансиски организации. Под модераторство на г-а Елеонора Згоњанин Петровиќ од Штедилница ФУЛМ, без презентирани нови статистики и беше нагласена клучната улога на новите технологии во подобрување на финансиската инклузија.

14489578 10210156202082335 1531696002 o

Сесијата “Микрофинанисрањето во регионот“, г-а Згоњанин Петровиќ им посака добредојде на г-а Сандра Томиќ од Србија, г-а Адиса Мујкиќ од Босна и Херцеговина г. Флорин Симон од Романија и г-а Снежана Андова од Македонија, кои споделија регионални искуства од минатите децении во развивање на микрофинансискиот пазар и разбирање на изминатиот пат но и амбициите, пришто регулативата се издвои како клучен заеднички именител за напредок.

14462925 287786934939030 3289234562797842576 n


Работилницата која следеше, вклучи широк обем на релевантни информации за нашите учесници: г. Рамирез го презентираше “EaSi Техничка поддрша на Европскиот микрокредитен сектор“ а г-а Павлак зборуваше за “Европскиот кодекс на етичко однесување за микрофинансиските институции“. Во својата презентација “Микрофинансискиот сектор во Европа“, г. Бенаљио не доближи до актуелните регулаторни трендови во ЕУ и микрофинансирањето во целина, додека г. Укеду го презентираше Европскиот инвестициски фонд и можностите кои тој ги нуди за организациите од нашиот регион. Г-а Џулија Бојоли од Пермикро презентираше иновативни практики како пример за организаиите од Балканот.

14449929 287784368272620 5078231487861642476 n
Во петок, Сојузот на микрофинансиски организации и Проектот на УСАИД за иновација и инклузија во микрофинансирањето организираа посета на филијалите на Хоризонти во Шуто Оризари, Можности во Велес и ФУЛМ во Кавадарци, овозможувајки им на учесниците да се запознаат со работењето на овие водечки небанкарски организации и да споделат искуства за превенирање на ризиците и подобрување на постојните модели.

DSC00613DSC00639DSC00652

Форумот изгради солидна база за градење на регионална платформа за заедничка акција за подобрување на регулативата и јакнење на финансиските знаења, истовремено обезбедувајќи ја континуираната посветеност на јавниот сектор во Македонија.

 

 

 

 Во четврток на 22 септември во хотел Мериот, Сојузот на микрофинансиски организации го организира регионалниот форум - ,,Финансиска инклузија преку микрофинансирањето", во соработка со: Штедилница Можности, Штедилница ФУЛМ, Микрокредитна фондација Хоризонти и Македонска развојна фондација за претпријатија, а со поддршка од Проектот на УСАИД за иновација и инклузија во микрофинансирањето. Настанот ќе започне во 10.00 часот.

На форумот во текот на свеченото отварање свое излагање ќе имаат гувернерот на НБРМ, Димитар Богов, министерот за финансии, Кирил Миновски, директорот на мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн и извршниот директор на МФО, Горан Лазаревски. 

Во продолжение ќе следат две панел дискусии по кои ќе се одржи работилница на Европската микрофинансиска мрежа организирана во рамките на EaSI Technical Assistance program (https://www.fi-compass.eu/theme/EaSI)

easi ta logo new

Ќе има можност да се дискутира на повеќе теми како клучната улога на микрофинансирањето во финансиската инклузија, иновативни пристапи за обезбедување на подобар пристап до финансии, актуелната состојба и предизвици за микрофинансирањето во регионот, регулаторното окружување за микрофинансирањето, пристап до фондови на ЕУ за микрофинансиски организации и друго.

На форумот ќе учествуваат мрежи на микрофинансиски организации, небанкарски микрофинансиски организации, регулаторни институции, релевантни експерти од земјата и регионот и претставници од донаторските организации.

Учеството е бесплатно. Ако сте заинтересирани да бидете дел од градењето на нова регионална микрофинансиска платформа, ве молиме пријавете се уште денес на This email address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it..

ПОДОБРУВАЊЕ НА ВЕШТИНИТЕ И КАПАЦИТЕТОТ НА МФО

Тимот на Сојузот на микрофинансиски организации на покана од ФОУРМ-ЦСИД, учествуваше во програма за ,,Раководење со проектен циклус – РПЦ“, во организација на ДЕТРА Центар во рамки на програмата на УСАИД за подобрување на работењето на организациите.

                                                                                    

 13403347 1314277608601376 6012118803476723337 o13422310 1314278168601320 8304049140841614421 o13458709 1314277708601366 1388867030237462587 o

Обучувачката програма се состоеше од два модули на дводневни работилници во Скопје. Првиот модул се одржа на 9 и на 10 јуни, додека вториот модул продолжи на 29 и на 30 јуни. Со вкупно 15 учесници од различни организации се работеше на стекнување вештини за јакнење на капацитетот за проектен менаџмент и подготовка на предлог-проект. Програмата овозможи да се стекне знаење за концептот на раководењето со проектен циклус, анализа на проблемите и развој на целите, пристапот на логичка рамка при развивање на проектот, анализа на надворешни фактори, анализа на индикатори, буџетирање, пополнување концепт и подготовка на целосна апликација. Работилниците беа приспособени на форматот за аплицирање за проекти на повици од ЕУ.

Во наредниот период продолжуваме со работа и со менторска поддршка за целосно да се завршат апликациите употребувајќи ги вештините стекнати од работилниците.

Активности

ПОДГОТВЕНОСТ ЗА ДИГИТАЛИЗАЦИЈА ВО МИКРОФИНАНСИРАЊЕТО

Предизвици и трендови во регионот

На 12/13 Мај 2019 година, во Хотел Јуник, во Охрид, Сојузот на микрофинансиски организации и Проектот на УСАИД за иновација и инклузија во микрофинансирањето, го одржаа четвртиот микрофинансиски регионален форум ,,Подготвеност за дигитализација во микрофинансирањето – Предизвици и трендови во регионот, како продолжение на првиот регионален форум ,,Финансиска инклузија преку микрофинансирањето во 2016, вториот регионален форум ,,Платежни услуги- Улогата на небанкарските микрофинансиски организации во 2017 година и третиот регионален форум ,,Човековите ресурси во микрофинансирањето – Моментални трендови и предизвици во регионот во 2018 година.

       DSC9603 DSC9685

На форумот присуствуваа 48 директори и службеници од различни сектори од 18 микрофинансиски организавии од Северна Македонија, Албанија, Црна Гора, Косово, Босна и Херцеговина, Полска и Грција, беше организиран во соработка со Штедилница Можности, Штедилница ФУЛМ, Микрокредитна фондација Хоризонти и Македонската развојна фондација за претпријатија.

Форумот беше организиран во координација со водечките микрофинансиски организации во регионот: МКО Партнер, Микрокредитната организација Еки Сараево и МКО МИ -Боспо од Босна и Херцеговина, Кеп Траст Косово, Монтекредит од Црна Гора, АгроСоциал Фонд, Фонди Беса, ФЕД Инвест, НОА, Кредо од Апбанија, како и КЕПА Микростарс од Грција.

Г-дин. Жегош Галусек, извршниот директор на Микрофинансискиот Центар од Варшава ги презентираше најновите наоди од истражувањето на МФЦ: Јавајќи го технолошкиот бран во Европското микрофинансирање, по кое учесниците се вклучија во дебата преку која ги идентификуваа клучните предизвици во процесот на дигиталната трансформација презентирајќи ги своите практики и политики во тој поглед.

 DSC9640

Во текот на втората сесија од форумот, фокусот беше поставен на Подготвеноста на клиентоте за дигитализација, со обемна презентација од изведеното регионално истражување на преку 900 микрофинансиски клиенти од регионот од страна на Директорката на Штедилницата ФУЛМ, г-ѓа Елеонора Згоњанин Петровиќ, елаборирајќи различните аспекти од однесувањето на дигиталната трансформација Презентацијата беше проследена со отворена peer to peer дискусија на специфичните наоди и нивна интерпретација во национален контекст во различни држави и на различни пазари.

 DSC9741

На дискусијата Дигитализација на бизнис процесите во микрофинансиските организации: Како да направиме да биде прифатлива за вработените?, учесниците се вклучија во пожестока дискусија за начините да се адресираат загриженоста на вработените и нивните очекувања и да се создаде околина која ќе биде насочена кон посилен раст. Различни интересни и иновативни пристапи беа дискутирани, поддржани со размена на искуства кои беа применливи во сите земји од нашиот регион.

Дигитализацијата и микрофинансискиот бизнис на дневна база: Искуства од регионот/ Перспектива на практичарите беше следно на агендата, да се зборува за потребата да се имплементира трансформацијата на современ начин што под еднакво ќе ги земе во предвид потребите на сите засегнати страни отколку да се превземе ризик да се соочат со околина која сеуште не е подготвена за трансформација.

Во контекст на можни сценарија, ние исто така ја одрживме сесијата Што можеме да направиме за да ја избегнеме финансиската исклученост предизвикана од дигитализацијата? Зборувајќи за комплексната задача која ја имаме сите, да се осигураме дека нашите решенија не се пренапредни за да бидат употребувани од сите клиенти и генерации. Учејќи за искуствата од практичарите се иницираше широка дебара околу последиците на поширокото општество кое вклучува позитивни како и негативни опции.

На тркалезната сесија г-дин Лазаревски извлече заклучоци од дискусиите и ги презентираше на учесниците со следниве клучни наоди и препораки:

 DSC9726

  1. Дигитализацијата постави нови и претходно непознати предизвици како и разви опции за микрофинансиската заедница и нема алтернатива
  2. Со дигиталната трансформација се поставија следните клучни прашања кои треба да се одговорат:
    1. Дали ја имаме потребната инфраструктура на располагање?
    2. Дали регулаторната рамка е подготвена и ги подржува новите решенија?
    3. Дали го имаме постигнато нивото на потребната општа, ИТ и финансиска писменост?
    4. Дали нашите клиенти може да си дозволат да станат дигитални?
    5. Дали структурата на нашите клиенти е адекватна за дигитализација или е подобро да се одложи тој процес?
    6. Кое вистинското ниво на инвестиција и како да го одржиме?
    7. Колку е важен безбедносниот предизвик на процесот?
    8. Дали дигитализацијата ќе го направи нашиот процес побавен и за колку долго?
    9. Кој треба да е одговорен за процесот, кој да биде инволвиран на сите нивоа и на што да се прошири?
    10. Дали адекватни вендори и сервиси на продукти се достапни на пазарот и што треба да направиме ние за да го развиеме нивното знаење напоредно со нашето?
    11. Што да направиме за да ги едуцираме нашите клиенти, вработени и регулаторите?
    12. Дали ни е потребна стратегија или треба да се создаде некој документ за процесот на дигитализација за да се избегнат некои од ризиците и предизвиците?

Ги дискутиравме сите овие проблеми и научивме многу едни од други, собравме знаење кое можеме да го употребиме и во своите колективи.


 DSC9770

Се препорачува следното:

  1. Регулаторите и легислативата во моментот се најголемиот приоритет во сите земји во регионот. Важно е да бидат на иста страна, да го разберат значењето на микрофинансирањето и да креираат еднакви можности за здрава конкуренција на банкарските и небанкарските финансиски институции. Форумот препорачува дека наредната сесија фокусот треба да биде на регулаторите.
  2. Студиските посети во регионот на една небанкарска финанскиска институција до друга, како препорака издвојуваат креирање на платформа на дијалог и размена на знаење како процес на подобрување кон посакувана средина за сите засегнати страни.
  3. Понудата на дигитални решенија на регионалните маркети може да биде подобрена преку процес на соработка со ИТ компаниите, давајќи им можност да учат од нашите искуства и потреби и подобро да ги адресираат истите. Препораките од форумот се дека заедницата на вендори треба да се вклучи во идните форуми и состаноци.
  4. Собирите од овој тип, треба да бидат организирани редовно за професионалци од различни полиња на експертиза во земјите од регионот, да се воспостави платформа за соработка и комуникација во микрофинансирањето и
  5. Од страна на Сојузот беше презентирана регионална здружена иницијатива за воспоставување на Микрофинансиски едукативен центар, со детали и идеи кои ќе следат за кратко.

Форумот беше затворен со заклучокот дека сите овие обиди треба да продолжат без одложување и беше воспоставена мрежа како извор на знаење од релевантни партнери од регионо, која наскоро ќе резултира со поблиска форма на соработка.

 DSC9840 2

Форумот воспостави цврста база за градење на регионална соработка за заедничка активност во подобрување на регулативите и зацврстување на микрофинансирањето, пристапот до финансии и финансиската инклузија.

 

РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ “ЧОВЕЧКИТЕ РЕСУРСИ ВО МИКРОФИНАНСИРАЊЕТО“

 

Во организација на Сојузот на микрофинансиски организации, а во соработка со Штедилница Можности, Штедилница ФУЛМ, Микрокредитна фондација Хоризонти и Македонска развојна фондација за претпријатија и со поддршка на Проектот за инклузија и иновации во микрофинансирањето на УСАИД, на 13 И 14 мај во Струга беше одржан третиот регионален микрофинансиски форум на тема “Човечките ресурси во микрофинансирањето-Актуелни трендови и предизвици во регионот“.

        Optimized web

 

На форумот учество земаа претставници на 17 водечки микрофинансиски организации од регионот: МКО Партнер, МКО Микрофин, МКО Ми-Боспо, МКО Sunrise (Босна и и Херцеговина), МФИ Старт и ФИНКА (Косово) Агро&Социал Фонд, Унифин и Фонди Беса (Албанија), Алтермодус и Монтекредит (Црна Гора), Агроинвест (Србија), КЕПА Микростарс (Грција), како и Штедилница Можности, Штедилница ФУЛМ, Микрокредитна фондација Хоризонти и Македонска развојна фондација за претпријатија (Македонија).

web1 web2

На овој форум, беше изградена регионална мрежа на комуникација и соработка помеѓу колегите од доменот на човечките ресурси и беа разменети бројни позитивни и негативни искуства од кои беа извлечени заклучоци и решенија за поуспешно справување со предизвиците со кои се соочува микрофинансискиот сектор.

Дојдовме до заклучок дека сите земји во регионот се соочуваат со слични или еднакви предизвици и дека различните практики и решенија кои се применуваат треба да се споделуваат на редовна основа и на тој начин да се оптимизираат ресурсите и да се заштедат време и средства.

Притоа, акцентот беше ставен на главните предизвици:

-          - Предизвиците на процесот на вработување и селекција на кадри, анализа на актуената состојба на пазарот на труд, тековните трендови на емиграција на младите, предизвиците на образовните системи и нивните влијанија врз кадровските политики и пристапи,

-          - Предизвиците на задржувањето на квалитетните кадри, можни форми на мотивација, дополнителна едукација и градење на лојалноста на вработените како тим,

од што произлегоа и серија заклучоци за заеднички ангажман и здружени напори во претстојниот период, на кои ќе продолжат да работат микрофинансиските организации од регионот, како и националните здруженија и сојузи.

   web3

Со овој форум е заокружен процесот на воспоставување на регионална платформа на микрофинансиски организации под водство на Сојузот на микрофинансиски организации од Македонија, како една од целите на проектот на УСАИД за инклузија и иновации во микрофинансирањето.

 

 

Меѓународна конференција на земјоделски задруги во Струмица

 

Пристапот до микрофинансирање е еден од основните услови за успешно и развиено земјоделство. Во партнерство со Македонската Асоцијација на Земјоделски задруги, со големо задоволство сме дел од меѓународната конференција на земјоделските задруги во Струмица... Ги споделуваме искуствата и предизвиците во финансирањето на земјоделскиот сектор и договараме партнерска соработка со колегите од задругите од повеќе земји, Земјоделскиот факултет од Скопје и претставниците на јавниот, приватниот и граѓанскиот сектор.

30743963 560448141006240 5996895748446081074 n 31070869 560447887672932 6422272656151744696 n

31100425 560448337672887 1082291727705423220 n

 

 

Информативна сесија за студентите од Земјоделски факултет

 

На студентите-агроекономисти од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје при нивната посета им ја објаснивме нераскинливата врска помеѓу микрофинансирањето и земјоделството, важноста на прилагодување на кредитите на потребите на земјоделците, одговорното кредитирање како наша политика и продискутиравме за главните предизвици на денешното земјоделство, пристапот до финансии и нефинансиски услуги и важноста на финансиската едукација... На Можности, ФУЛМ, Хоризонти и МРФП им благодариме на предавањата, а на студентите и нивните професори им благодариме на посетата и веќе работиме на нови содржини за поширока соработка со образовните институции!

media share 0 02 05 1f4c45df0ee0d123123ff3c43ce33a1cded9ecee37570bd9a84d20aa653a0f07 d0e27f3b df1a 4a68 98b5 8d4b05238c09 media share 0 02 05 89f0ec9a1ec7b73d8d45071c55efc842555b6715b8831e7a42d98f38ce32ef75 c457ede8 a953 4503 b80b e075fcb5e1aa

media share 0 02 05 8375ab597185eb8106935dd68b3b24b2feb4ac1a2925585d531e9257dbb60a09 e3ac918a 1ffc 4a1d b949 a9aaf6720352 media share 0 02 05 5c2f42b9414da517a6dc7b07d2e9b8cb751f6f84708f2c6431b95fbc4c6e24fc a82a3141 5325 4d25 893b 87724c208238

 

 

 

 

 

 

Обука за персонал на небанкарски финансиски организации

"Како да се зголеми мотивацијата и да се подобри квалитетот на комуникацијата во меѓучовечките односи"

 

 

 

Дефинирањето на целите, мотивацијата и правилната комуникација, прилагодена на различните типови на луѓе, се клучни за успех во приватниот живот, но и на работното место. За професионалците од Можности, ФУЛМ, Хоризонти и МРФП, во Велес одржавме дводневна обука на која научија нови методи и техники, а имаа и можност да се запознаат и да разменат искуства и мислења за прашања со кои се соочуваат во секојдневнието. 

 

media share 0 02 04 6aa900b6d3f55cc374aab3f3f9df79061b8849ce89cb55b4c4d0e86420ed66b7 d5267d85 012e 4021 adf6 79a7250cd574      media share 0 02 05 1aec69b456a0713051c2b17b92c460dc359390eb37e63e6e6999be6967bfa5a6 9204bc54 3c74 4e86 a0a0 d389db54dcd2

media share 0 02 05 22630def29d82bf0c1ec39b6e299c65b61fa1c5ef90a4bbb17022522f40caa19 2b4786fd 8bd0 4779 8096 9e346cce2ca7

22492014 475858636131858 2699449413505529868 n

 

Линк: Сојуз на микрофинансиски организации

 

14-ТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ЕМН:

ФИНАНСИСКА ЕДУКАЦИЈА ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ГРАЃАНСТВОТО

 

Со поддршка од УСАИД, претставници на водечките микрофинансиски организации Можности, ФУЛМ, Хоризонти и МРФП учествуваа на годишната конференција на Европската микрофинансиска мрежа во Венеција, Италија, со фокус на Финансиска едукација, како финансиската едукација може да им помогне на микрофинансиските организации да ги дизајнираат своите продукти, да обезбедат социјално влијание со приоритет на потребите на клиентите. Менторингот, локалната и регионалната регулатива, финансиските инструменти, партнерството и здружувањето како алатки за лобирање и други механизми беа дел од агендата.

 

21731080 463136920737363 2168050992836308199 n  21742821 463137260737329 6518529905848223757 n

21751304 463137594070629 4517954593864121122 n  21752418 463137920737263 1597377547370521753 n

 

 

СТУДИСКА ПОСЕТА НА ТИРАНА, АЛБАНИЈА


Со поддршка на проектот на УСАИД за инклузија и иновации во микрофинансирањето ја одржавме студиската посета за водечките микрофинансиски организации: Штедилница Можности, Штедилница ФУЛМ, Микрокредитна фондација Хоризонти и Македонската развојна фондација за претпријатија, со фокус на електронските и мобилните плаќања и други финансиски услуги како и градење на партнерства со сродните организации од регионот.

19437224 428310597553329 8352300277488970382 n19437493 428309697553419 3192619219023660480 n

Во текот на посетата на релевантните институции во Тирана, се запознавме со успешните примери на платежните институции M-Pay и Easy Pay, микрокредитната фондација Fondi Besa, како и кредитната унија UNIFIN, а со тимот на Централната банка на Албанија остваривме разговори за важечката регулатива за небанкарските финансиски организации и искуствата од процесот на изготвување на законите, ефектите од нивната примена и консултациите во јавноста.

19510162 428309170886805 4584392910936000047 n

Водените разговори и стекнати сознанија од регионот играат значајна улога во подобрувањето на регулативата и окружувањето за работа на нашите членки како процес на кој континуирано работиме.

          19437504 428310147553374 5511178738906945573 n19554108 428310194220036 8005727711075789866 n

 

СЕ ЗАТВОРИ ЦИКЛУСОТ ОД ПЕТ СПЕЦИЈАЛИЗИРАНИ ОБУКИ ЗА ЈАКНЕЊЕ НА ПРОДАЖНИ ВЕШТИНИ

Во текот на месец мај, 2017, беа организирани четвртата и петтата обука за јакнење на вештините за продажба на финансиски услуги во микрофинансиските организации .Обуките беа одржани во хотел Алпина, Маврово со вкупно 38 учесници - кредитни референти (вработени на нашите членки - Штедилница ФУЛМ и Штедилница Можности), од 9 различни градови во Македонија. Со тоа се затвори циклусот од пет специјализирани обуки за јакнење на капацитетите на над 110 вработените на членките на Сојузот на микрофинансиски организации и со цел да се јакне довербата и квалитетот на корисниците на нивните продукти.  

19145894 421259921591730 6504156247900434613 n

           19059342 421260174925038 7663404739185439752 n 19149258 421265708257818 4102661755081638686 n

19030580 421265831591139 5991415433282216213 n

 

РЕГИОНАЛЕН ФОРУМ “ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ ЗА ПОДОБРА ФИНАНСИСКА ИНКЛУЗИЈА“

Во организација на Сојузот на микрофинансиски организации, а во соработка со Штедилница Можности, Штедилница ФУЛМ, Микрокредитна фондација Хоризонти и Македонска развојна фондација за претпријатија и со поддршка на Проектот за инклузија и иновации во микрофинансирањето на УСАИД, на 20 и 21 април во Охрид беше одржан регионален форум “ПЛАТЕЖНИ УСЛУГИ ЗА ПОДОБРА ФИНАНСИСКА ИНКЛУЗИЈА“.

         Photo 1

На форумот учество земаа претставници на Народната банка и Министерството за финансии на Македонија, како и централните банки на Хрватска, Србија, Словенија, Албанија и Црна Гора, платниот оператор Payspot Нови Сад, Србија, микрофинансиски организации од Босна и Херцеговина, Македонија и Албанија, а беа презентирани искуствата и позитивните практики од Полска, Ирска, Литванија, Естонија, Латвија, Велика Британија, Молдавија и САД.

        Photo 2

Заклучоците од форумот, ја вклучија и потребата од засилен ангажман на ова поле за либерализација на пазарот на платежни услуги и овозможување на побрзи, поевтини и полесни плаќања и трансфери за населението, особено во руралните предели, како и поддршка на иновативните инструменти со користење на E- и M-плаќања.

Photo 3

Форумот обезбеди можност за размена на знаења и идентификување на можни решенија за успешно спроведување на директивите на ЕУ и натамошно градење на систем на платежни услуги во Македонија со кој ќе се обезбеди поголема вклученост на разновидни категории од населението со што ќе се даде значаен придонес во борбата против сиромаштијата и градење на одржливоста и дологорочниот успех на микрофинансискиот сектор во задоволување на потребите на граѓаните.

Photo 4

Сојузот на микрофинансиски организации како носител на јавно-приватниот дијалог и во претстојниот период ќе продолжи да го подржува процесот во насока на градење на поволна регулатива, во партнерство со регулаторните институции.

Photo 5

Трета обука за јакнење на продажните вештини на микрофинансиските организации

На 22-23 март,  во хотел Романтик, Дојран, беше организирана третата обука за јакнење на продажните вештини за вработените на микрофинансиските организации. Обуката броеше вкупно 25 учесници- кредитни референти од 7 различни градови од Македонија. Учесниците разменија свои искуства, практични примери, дискутираа за новите предизвици со кои се соочуваат во секојдневното работење. Циклусот на обуки продолжува и понатаму.

1

17505673 10211874939929707 2039876773 n

DSC01550

СОЈУЗОТ НА МИКРОФИНАНСИСКИ ИНСТИТУЦИИ ДЕЛ ОД ГЛОБАЛНАТА НЕДЕЛА НА ПАРИТЕ 2017

Под мотото “Учи. Штеди. Заработувај“, заедно со нашите партнери од Народната банка на РМ, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност и МАПАС ја спроведуваме Глобалната недела на парите (Global Money Week) во Македонија, истовремено со над 140 земји низ целиот свет.

17554345 382037948847261 5733582380487012950 n

Во рамки на кампањата организирамепосети на учениците од основните и средните училишта во филијалите на нашите членки: Штедилница ФУЛМ, Штедилница Можности и Хоризонти. 
Оваа година, едукативниот караван започна во Штедилницата ФУЛМ со посетата на учениците од ОУ “Лазо Трпковски“ од Скопје кои ги запознавме со значењето на парите, штедењето, задолжувањето и важноста на познавањето на финансиите. 
Погледнете ги фотографиите од денешното дружење, додека нашиот караван продолжува низ градовите на Македонија.

17499376 382037985513924 5012005333872436557 n

17522812 382038088847247 1418305318526368715 n 1 

Линк Народна Банка на Република Македонија

 

 

ГИ ЈАКНЕМЕ ПРОДАЖНИТЕ ВЕШТИНИ НА МИКРОФИНАНСИСКИТЕ ОРГАНИЗАЦИИ: Втора серија на специјализирани обуки за нашите членки – Дојран, 20-21 март

Со втората обука на семинарот Јакнење на вештините за продажба на финансиски услуги во микрофинансиски организации“, уште една група вработени на нашите членки - водечки микрофинансиски организации, Штедилница МОЖНОСТИ, Штедилница ФУЛМ и Микрокредитна фондација ХОРИЗОНТИ се запозна со напредните техники на продажба на финансиски услуги.

17506514 10211874971970508 1299543422 n

На обуката разработивме нови пристапи во работата со луѓе и иновативни начини на јакнење на продажбата, со нашиот врвен предавач.

DSC01523

Дополнително, колегите од разните партнерски организации ја искористија можноста да разменат искуства и да дискутираат за предизвиците со кои секојдневно се соочуваат во работењето за подобрување на нивните резултати.

17495592 10211876143279790 669780287 n

Со оваа серија на обуки продолжуваме да работиме на јакнење на капацитетите на персоналот на небанкарските микрофинансиски организации-членки на МФО и ја јакнеме довербата и квалитетот во односите со нивните корисници.

 

НОВИ ПЕРСПЕКТИВИ НА ВЛИЈАНИЕТО НА МИКРОФИНАНСИРАЊЕТО

Македонските микрофинансиски организации - дел од

Европскиот Микрофинансиски самит 2017

Во насока на запознавање со современите трендови и водечките експерти во нашето поле на делување, Сојузот на Микрофинансиски организации и водечките небанкарски микрофинансиски организации; Штедилница Можности, Штедилница ФУЛМ, Микрокредитната фондација Хоризонти како и Македонската развојна фондација за претпријатија, со поддршка на проектот на УСАИД за иновации и инклузија во микрофинансирањето остварија значајно учество на  Европскиот микрофинансиски самит во Барселона, на тема “Нови перспективи на влијанието на микрофинансирањето“.

Group

Конференцијата вклучи 21 говорник, професионалци од микрофинансиската бранша како и поврзаните дејности со мошне релевантни искуства и успешни практики кои ги споделија со нас.

Child ATM

На настанот, учесниците имаа можност да се запознаат со најновите трендови и да дискутираат за предизвиците и можностите со своите колеги од повеќе од 20 земји од целиот свет.

Списокот на земји претставени на настанот ги вклучи и Луксембург, Малта, Албанија, Грузија, Косово, Шпанија, Германија, Швајцарија, Франција, Холандија, Шкотска, Португалија, Либан, Австрија, Белгија, Чешка, Молдавија, Нигерија, Италија, Унгарија и Канада.

dscn7100 32483714071 o copy

Конференциската програма вклучи презентации на говорниците како и вежби, со активно вклучување на учесниците од Македонија во сесиите за прашања како и две работни групи, пришто нашите претставници држеа презентации на резултатите утврдени од работните групи.

1

На сесијата “Фактори на успешноста на микрофинансирањето“ ги презентиравме најитните предизвици за секторот на микрофинансирање и консензуалната фокусираност на регулативата, технолошкиот напредок и нефинансиските услуги како напор за градење на одржливи пазари за долгорочни партнерства.

3

Во текот на конференциската програма, учествувавме и на организираните сесии за средби со учесниците од другите земји и да дискутираме теми од интерес како и да ја градиме мрежата на професионалци за идна соработка. Нашите учесници остварија и серија состаноци со претставници од Грузија, Шпанија, Франција, Холандија и други земји.

4

Можноста за ширење на професионалните мрежи и воспоставување на блиски контакти со практичарите, како и граѓански организации и регулатори од разни делови на светот, на нашата делегација и понуди нива перспектива за приоритетните прашања од доменот на микрофинансирањето, како регулатива, улогата на новите технологии и финансиската инклузија.

Значењето на социјалното делување во микрофинансирањето беше составен дел од сите презентации и говорници а конференцијата, во согласност со улогата која ја има за градење на одржлив бизнис модел. Добивме увид во SPI4 платформата и опциите кои ги нуди на небанкарските микрофинансиски организации во процесот на обезбедување на одржливо финансирање.

dscn6999 32453378332 o MFO88

Знаењата со кои се стекнавме на оваа конференција ќе играат значајна улога во јакнење на Сојузот преку воспоставените мрежи на организациите-членки и нивната улога на пазарот.

 

Продолжуваме со серијата обуки за финансиско знаење

Во рамки на Проектот на УСАИД за Инклузија и иновација во микрофинансирањето, со нашиот партнер, Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП), во февруари 2017 г. спроведовме дводневни обуки за финансиско знаење.

 

tekst

 

Обуката за финансиско знаење во Кавадарци се одржа на 01-02.02.2017 г., а обуката во с. Мустафино на 6-7.02.2017

Со овие обуки беа опфатени земјоделците, сегашни и потенцијални клиенти на нашите членки.

Целта на обуката беше надградување на општите знаења од областа на управување со финансиски средства, вештини за управување со сопствениот долг, запознавање со микрофинансиските услуги и продукти.

 

DSCN0074

Преку практични примери земјоделците учеа за управување со организациски буџети, одредување на праг на рентабилност, одмереност при позајмувањето, разликување на типовите на заеми и нивните поврзани трошоци.

На обуките присуствуваа и претставници на нашите членки микрофинансиските организации Можности, ФУЛМ и Хоризонти кои ги презентираа придобивките од одговорното наменско позајмување и штедење. 

 

mustafino

Двете дводневни обуки беа спроведени во соработка со Здружението „Слоу Фуд“ од Битола и Земјоделската задруга „Еко-Илинден“ од с. Мустафино.

Со обуките за финансиски знаења, продолжуваме да им помагаме на претприемачите и идните клиенти да обезбедат одржлив успех за идните генерации.

МРФП линк

Обука: “Јакнење на вештините за продажба на финансиски услуги во микрофинансиски организации„ Велес, 25-26.01.2017

         Со голем интерес и активно учество во текот на целата обука, “Јакнење на вештините за продажба на финансиски услуги во микрофинансиски организации“, претставниците на нашите членки, водечки микрофинансиски организации, Штедилница МОЖНОСТИ, Штедилница ФУЛМ и Микрокредитна фондација ХОРИЗОНТИ ја искористија можноста да се запознаат со напредните техники на продажба на финансиски услуги.

16640634 358373214547068 4885795798104363324 n

Пропратени со експертска помош, детално и на интерактивен начин ги разработивме тајните на најуспешните преговарачи, процесот и активностите на градење на односи со клиенти, задржување и проширување на бројот на корисници и преку практични вежби утврдивме како стекнатите знаења најдобро се применуваат во секојдневната пракса и контактите со нивните ценети клиенти.

16473078 358373557880367 91490590511042554 n

Во прекрасна атмосфера, учесниците го искористија семинарот и за да разменат искуства и да дискутираат за разните прашања и предизвици со кои се соочуваат во работењето, при што од голема полза беа добрите практики и решенија кои биле применети во голем број водечки финансиски институции од регионот и пошироко.

16602643 358373604547029 5046312075546850037 n

Оваа обука значително придонесува за јакнење на капацитетите на персоналот на небанкарските микрофинансиски организации-членки на МФО и ја јакне довербата и квалитетот во односите со нивните корисници.

СТУДИСКА ПОСЕТА

 

Со поддршка на УСАИД, во декември за нашите членки организиравме студиска посета на Белград-Србија, за да стекнеме релевантни искуства за изготвувањето и имплементацијата на Законот за платежни услуги како клучна реформа за градење на отворен пазар на платежни услуги кој ќе биде ориентиран кон клиентите, ќе ја јакне конкурентноста и ќе ги намали трошоците за трансакциите за широката популација, како и регулирањето и легислативата за микрофинансирањето и различните пристапи во насока на јакнење на микрофинансискиот сектор.

На средбата со Проектот на УСАИД за Деловно окружување (www.bep.rs), добивме сознанија за состојбите во финансискиот сектор, постојната легислатива, напори за регулирање на микрофинансирањето и јавно-приватниот дијалог.

16473798 356580498059673 206071252801193452 n

На тркалезна маса со Народната банка на Србија (www.nbs.rs), дискутиравме за Законот за платежни услуги и напорите на НБС за регулирање на микрофинансискиот сектор.

16473234 356581504726239 5090192378289735336 n

Практичното искуство на лиценцираните носители на платежни услуги во Србија е од клучно значење за нашиот микрофинансиски сектор.

На средбата со Tenfore LTD Белград (www.tenfore.rs) и Payspot DOO Нови Сад (www.payspot.rs), дискутиравме за процесот на подготовка на легислативата за платежните услуги и начините на вклучување на бизнис-заедницата, софтверски решенија, ИТ-инфраструктура, трендови и очекувања итн.

16299300 356581694726220 7189523042224281666 n

Сознанијата со кои се стекнавме на оваа посета се од големо значење и ќе дадат силен придонес во напорите за градење на погодна клима за натамошен раст на микрофинансирањето во нашата земја, во насока на јакнење на претприемништвото, инклузијата и намалување на сиромаштијата.

 

ОБУКИ ЗА ФИНАНСИСКО ЗНАЕЊЕ

 Заклучно со месец септември го заокруживме првиот циклус на обуките на Сојузот на Микрофинансиски организации за финансиски знаења наменети за ранливите социјални категории, студентите, фармерите и микро-претприемачите.

14344737 284966391887751 5415652100980563501 n14449728 284966701887720 4900430994746442267 n

 

Сојузот на Микрофинансиски организации, во соработка со Македонската Развојна Фондација за Претпријатија како спроведувач на проектната активност, и понатаму ќе реализира серија на обуки за унапредување на финансиските знаења на пошироки групи на популацијата. Треба да се реализираат серија од 30 дводневни обуки во повеќе градови низ Македонија, која ќе опфати над 600 лица од повеќе категории, меѓу кои и ранливите социјални групи, земјоделци, микро- и мали претприемачи, нови бизниси, студенти итн. На обуките, учесниците добиваат информации за финансиското планирање, извештаи, видовите на кредити, камати, и други важни податоци од страна на потврдени експерти. Со оваа активност градиме едуцирани идни претприемачи и ја јакнеме улогата на микрофинансиските организации: Штедилница Можности, Штедилница ФУЛМ и Микрокредитна фондација Хоризонти.
Активноста е поддржана од Проектот на УСАИД за инклузија и иновации во микрофинансирањето.

51. Horizonti93

 

 

Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија коешто го сочинуваат Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, МАПАС и Комисијата за хартии од вредност, во соработка со Бирото за развој на образованието и Сојузот на микрофинансиски организации денес, на 27 март 2017 година, го одбележува почетокот на Глобалната недела на парите (27 март ‒ 2 април). На овој, прв ден од Глобалната недела на парите ќе организираат посети од страна на четири основни и средни училишта од Скопје во просториите на сите пет регулатори (Народната банка, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, МАПАС и Комисијата за хартии од вредност), како и на Македонската берза, Музејот на пари при Народната банка, еден пензиски фонд, инвестициски фонд, комерцијална банка, штедилница и осигурителна компанија. 

За првпат во Македонија се организираат ваков вид активности од поголем обем, а целта на активностите е да се подигне нивото на финансиска писменост кај младото население на Република Македонија. За време на посетите се изведуваат едукативни предавања на теми од областите на институциите што ги покриваат, односно од областите на парите, штедењето, тргувањето, банкарскиот сектор, инвестирањето, осигурувањето, пензискиот сектор и други теми поврзани со функционирањето на финансиските системи.

Во Македонија е планирано Глобалната недела на парите да биде одбележана во повеќе денови, односно на 29 март со посета на училишта во Велес и Неготино, на 5 април со посета на Тетово и Гостивар и на 7 април со посета на Охрид и Струга, додека на 19 април за официјалното затворање на настаните се најавува голем настан во Градскиот парк на кој ќе бидат присутни институциите коишто ги предводат овие активности и финансиските институции од целиот финансиски сектор.   

Глобалната недела на парите, во организација на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади (Child and Youth Finance International), се одржува на светско ниво уште од 2012 година, во чиишто рамки се одржуваат преку 4000 активности во кои се вклучени над 6 милиони деца и млади во повеќе од 130 земји и повеќе од 1000 организации и институции. Оваа глобална иницијатива ја подигнува свеста кај младите преку учење за тоа како функционираат парите, вклучувајќи го штедењето, вработувањето и претприемаштвото. Секоја година, младите луѓе разговараат, читаат и учат за економските и за финансиските системи преку најразлични активности што ги спроведуваат државните институции. Целта на Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади е да ги поттикне младите да инвестираат во својата иднина, истакнувајќи ја важноста на раната финансиска едукација, со што ќе им помогне да станат свесни за своите финансиски права, ќе им ја олесни пристапноста до финансиските услуги и ќе ги развие нивните финансиски вештини. Темата за оваа година на Глобалната недела на парите е „Учи! Штеди! Заработи!“, со намера младите луѓе да научат да штедат за својата иднина.

Меѓународната организација за финансиска едукација на деца и млади го одбележува официјалниот почеток на Глобалната недела на парите заедно со Централната банка на Германија (Дојче бундесбанк), преку посета на ученици од основното образование во Германија и посета на Централната банка на Германија и Музејот на пари. Меѓу другото, на 30 март ќе се обрати и Нејзиното Височество Кралицата Максима на Холандија по повод Глобалната недела на парите во Центарот за посетители на Централната банка на Холандија и притоа ќе го промовира документот „Безбедни платежни производи за младите ‒ водич за младите кон финансиска самостојност“ (Safer Payment Products for Minors - guiding minors towards financial autonomy). 

Посетите се изведуваат со препознатливи, обележани едукативни автобуси. 

 

We use cookies to improve our website. By continuing to use this website, you are giving consent to cookies being used. More details…